Лето...во летна ( ако може да се нарече) дискотека, со пијалокот во рака, dj-от пушта некоја песна актуелна веќе пред 3-4 години, сите скокаат шизнуваат и се потат. Стандардна ситуација на стандардни луѓе во град кој веќе одамна не планира да ги смени стандардите на живеење.
И веќе може да се приметат фаците кои ги има како copy-paste наоколу, неизбежни се а богами и непромашливи, небитно... важно се приметуваат.
Со Vodka-Straight во раката, истапирана коса која ја потргнува од своите гради за да и се види длабокото деколте... нов слој на сјај за усни на секои 15 минути, спуштање до доле на “Спушти се доле“ и праќање наоколу погледи за кои мисли дека убиваатПудра се става колку да се прикријат недостатоците, но наводно на нивните паковања во дерларацијата било испишано МАЧКАЈ СО НОЖ. Окапуваат со саати шминкајќи и сенчајќи ги очите со 938873 различни сенки за очи за на крај да се трудме да го дефинираме конечниот резултат.Слој над слој, и повторно слој на кармин и сјај за усни и многу нормално, прчење на усните на секоја слика, па не е за џабе сјајот Gosh,Maxfactor итн. Фустанче кратко тесно, прикладно на нејзиното тело, се врти и гледаш повеќе од што е потребно,а таа е горда на тоа, па зашто да не. Сепак можеби продавачката не и’ објаснила дека сепак тоа е блузиче. И повторно таа е горда, и арогантна и недај Боже да и’ пријде некој што не и одговара... ма му пцуе и семејство само да испадне дека е некоја и нешто. Но, завршува викендот, се соблекуваат штиклите и на дневно светло во кафиќите ја гледаш не можеш да ја препознаеш... да да мн. се примерите на Пепелашка кај нас, но и принцот исто така се менува.
Него пак го гледаш со коњакот во рака како се дере на некоја шабанска ромасна, дотеран , шпицнат од глава до пети уште марамче да сврти едно оро...а музиката трешти, а тој се поти се поти се пооооти. Друштво големо каде што во секој момент гледа да испадне Џони, шмека наоколу со погледот кој мисли дека убива, и бара жртва... Ја наоѓа и почнува да ја масира, прво по левиот нерв па по десниот, па го масира и келнерот да и донесе за пиење и на крај кога ќе се спојат плус и минус можно е да биде послужен со додатно разладување.Се враќа кај другарите насмеам од уво до уво со изговорот “Одблику е да повратиш ,брат, Недај Боже!“... и пак пие пие пие...Утредента станува и гледа на ѕид на FB “Аооо брат дали се отрезни... Дрво едно жив си?.... Брате ја испи пола кафана!...“ и се смее се гордее, епа не може секој, секоја чест, ќе бидете озборуван од градот наредните 24 часа J
Кога сме кај градот... што ли мислиме не знам... кај живееме?Монотонија каде што се чека викенд за да се доживеат наведените случувања, сепак разонода е.Елитните клубови кај нас не ти носат ни сламка а камо ли да побараш мраз, пијалоци снемува на 3 саати, а пак музиката... чекаме една до две години тоа што е сега хит да се пушти и кај нас.
И повторно од почеток, од ново секогаш, но младината е таква, а јас сум само личност која проба се’ да преточи во колумна.Можете и да ме мразите ако се пронајдете, да ме критикувате, да ме пцуете и да шибате коментари АМА ... гледната точка сепак ќе остане една и единствена.This is the real image J