Monday, March 19, 2012

Апсолутната трагикомична ситуација кај нас...

   Лето...во летна ( ако може да се нарече) дискотека, со пијалокот во рака, dj-от пушта некоја песна актуелна веќе пред 3-4 години, сите скокаат шизнуваат и се потат. Стандардна ситуација на стандардни луѓе во град кој веќе одамна не планира да ги смени стандардите на живеење.
И веќе може да се приметат фаците кои ги има како copy-paste наоколу, неизбежни се а богами и непромашливи, небитно... важно се приметуваат.
Со Vodka-Straight во раката, истапирана коса која ја потргнува од своите гради за да и се види длабокото деколте... нов слој на сјај за усни на секои 15 минути, спуштање до доле на “Спушти се доле“ и праќање наоколу погледи за кои мисли дека убиваатПудра се става колку да се прикријат недостатоците, но наводно на нивните паковања во дерларацијата било испишано МАЧКАЈ СО НОЖ. Окапуваат со саати шминкајќи и сенчајќи ги очите со 938873 различни сенки за очи за на крај да се трудме да го дефинираме конечниот резултат.Слој над слој, и повторно слој на кармин и сјај за усни и многу нормално, прчење на усните на секоја слика, па не е за џабе сјајот Gosh,Maxfactor итн. Фустанче кратко тесно, прикладно на нејзиното тело, се врти и гледаш повеќе од што е потребно,а таа е горда на тоа, па зашто да не. Сепак можеби продавачката не и’ објаснила дека сепак тоа е блузиче. И повторно таа е горда, и арогантна и недај Боже да и’ пријде некој што не и одговара... ма му пцуе и семејство само да испадне дека е некоја и нешто. Но, завршува викендот, се соблекуваат штиклите и на дневно светло во кафиќите ја гледаш не можеш да ја препознаеш... да да мн. се примерите на Пепелашка кај нас, но и принцот исто така се менува.
Него пак го гледаш со коњакот во рака како се дере на некоја шабанска ромасна, дотеран , шпицнат од глава до пети уште марамче да сврти едно оро...а музиката трешти, а тој се поти се поти се пооооти. Друштво големо каде што во секој момент гледа да испадне Џони, шмека наоколу со погледот кој мисли дека убива, и бара жртва... Ја наоѓа и почнува да ја масира, прво по левиот нерв па по десниот, па го масира и келнерот да и донесе за пиење и на крај кога ќе се спојат плус и минус можно е да биде послужен со додатно разладување.Се враќа кај другарите насмеам од уво до уво со изговорот “Одблику е да повратиш ,брат, Недај Боже!“... и пак пие пие пие...Утредента станува и гледа на ѕид на FB “Аооо брат дали се отрезни... Дрво едно жив си?.... Брате ја испи пола кафана!...“ и се смее се гордее, епа не може секој, секоја чест, ќе бидете озборуван од градот наредните 24 часа J
Кога сме кај градот... што ли мислиме не знам... кај живееме?Монотонија каде што се чека викенд за да се доживеат наведените случувања, сепак разонода е.Елитните клубови кај нас не ти носат ни сламка а камо ли да побараш мраз, пијалоци снемува на 3 саати, а пак музиката... чекаме една до две години тоа што е сега хит да се пушти и кај нас.
И повторно од почеток, од ново секогаш, но младината е таква, а јас сум само личност која проба се’ да преточи во колумна.Можете и да ме мразите ако се пронајдете, да ме критикувате, да ме пцуете и да шибате коментари АМА ... гледната точка сепак ќе остане една и единствена.This is the real image J

Среќата им смета на другите....на оние мизерните!

  Сите цртани, серии, шпански турски(безразлика) и филмови до безброј, се разбира мислам на оние кои за главна цел ја имаат маѓијата на љубовта... во секој од нив секогаш, ненамерно има негативни личности, негативни заплети ... зашто им смета нечија среќа на другите?

Никогаш во животот нема да речам дека не сум била љубоморна, човечки па и природно е тоа, но човековата лудост не знае за граници. Не станувајќи збор за љубов , целам на одговор зашто токму твојата среќа може да биде некому трн во очи. Тие-среќни, вљубени, страст меѓу нив погледи допири....а останатите од страна застанати и гледаат, вртат очи, и ќе се решат да докажат дека и нив не им е се’ совршено, а зошто? Биле разочарани, биле повредени сами се и чмаат во место, чекајќи сите да им пружат рака за спас и да ги частат со утешна пијачка дека сепак животот продолжува.И бидејќи чмаат, сакаат сега сами на себе да докажат дека  и другите не се среќни, да се утешат, па зашто да се? И се полнат со омраза, прво кон оние среќните па после и кон себе затоа што не можат да мрднат од мртвата точка на нивниот затворен мал темен простор кои самите си го декорирале. Па и некои се обидуваат, им пречат, создаваат заплети, да не издолжувам... секоја сапунска серија има примеси од реалниот живот секако!

Другата ситуација пак... безразлика дали е млад згоден дечко, или пак насмеана и секси девојка која гордо го носи епитето SINGLE. Прво измаеруваат од глава до пети, ја чувствуваат нивната харизма дури и на др.крај од кафулето или било кое др место, насмевката им ја толкуваат како знак на безгрижност, и ете тука почнува нешто да им лази по нервите...што се замислува, која е, што се мисли шмекер е или пак... тежок филм ? А тие застанале облекле некоја маичка што прва им паднала в раце, станале од кревет се искарале со цел свет, да се насмеат нема шанса, пијат кафе и се јадат живи што некој др паѓа в очи... и тоа се оние истите на кои им смета што вљубен пар е среќен, па сега и оние кои уживаат во слободата им се виновни и ги етикетираат како снобови, малограќанци, неспособни за врска, или пак глумци на совршенството... Еден збор – Љубомора!

Па никој не ги осудува нив нели? Нека се нереќни , кој им е виновен, никој намерно заради нив не е среќен, среќен е затоа што така е НАЈПАМЕТНО! Никој нема да земе да ги крене од столицата и да им укаже дека среќата се достигнува.Но што се може тука... освен да не се дозволи да допрат до нас.Да... до нас... и до мене исто така! Среќата е само наша , а нивна е мизерноста.Со среќа!

Старецот со сините очи....

 Можеби последната насмевка ќе и’ значеше најмногу на целиот свет, и ќе ја чуваше и паметеше секогаш кога ќе посакаше да се почувствува како најсреќна личност... но која насмевка? Што остави тој за да памети таа?
Низ улиците секое утро се влечкаше истиот старец, со бела коса и светло сини очи , со шеширот на глава и подвитканото дрвено бастумче...нејзиното утринско кафе секогаш го пиеше со погледот низ прозорецот во дворот, каде секогаш го забележуаше него, како седнува токму пред нивната зграда и се одмара.Така правеше секогаш, се одмараше од прошетката , ги истегнуваше нозете, но сепак залутуваше со погледот некако тажно, некако залутано, со надеж дека нешто ќе најде... но замавнуваше воздивнуваше и стануваше, продолжуваше со прошетката така носталгично и полека како да не сака да си замине од местото.
Сето тоа ја замислуваше и ја будеше љубопитноста кај неа.Ниту го познаваше старецот, но сепак имаше некоја проказна во него.Таа не познаваше всушност никого во маалото но старецот со сините очи, можеби на момент ја потсетуваше на некого. Не чувствуваше ништо, но сепак нечива слика и излегуваше пред очите кога го гледаше...и баш секој ден во исто време...

Веќе следното утро кафето го имаше испиено порано, и чекаше само да го види неговото забавено движење за да слезе пред зградата барем да го поздрави... сепак со мала надеж да дознае за призината не неговиот тажен поглед.
-Добро утро, како сте!-веднаш упати кон него само што излезе од влезот на зградата..-Добро утро ќерко, благодарам добро е се трпи!.И молчење... ништо друго.А таа си стоеше пред него собираше храброст да го праша, па пак ја губеше и се’ така одново...-Ве гледам...секој ден тука застанувате, баш во ова време...-изусти брзоплето.Неговата воздишка покажа дека сето тоа го погодува-Да тука сум, одмарам од прошетката, малку да седнам, стари нозе , бараат  одмор...ех јас на малди години колку сум трчал, и тоа по девојки хехехе...времето ќерко времето си го прави своето.Ех само...-и замолче па пак онака длабоко воздивна-А ти ќерко тука живееш?-Да да тука сум сместена, студирам ...-одговори среќна што можеби ќе ја дознаеше неговата приказна.-Во оваа зграда значи...а кој стан ако семам да прашам?...-Бр 7 дедо ...-и тој после слушањето на бројот ја наведна главата , стана да си оди и одговори...-Јас... имав многу работи во животот, но баш во тој влез, во станот кај што си ти, бр.7 оставив нешто што не успеав га го зачувам како мое. Можеш да љубиш многу ќерко но сакаш само еднаш, и сите грешки тројно се наплаќаат кога ги правиш кон оној што цел живот ти значи.Остани ми паметна и се’ најубаво.Јас продолжувам понатака.Пријатно...-и заминуваше така тетеравејќи се со бастумчето а таа занемена одвај изговори -Догледање, се надевам ќе се видиме...

Цела недела замина а таа одново и одново го гледаше старецот на истото место со заталкан поглед и тажна воздишка која стоеше и по неговото заминување...Едно утро ја посети газдарицата на станот со својата ќерка, муабетот добро се одвиваше, испија кафе , состојбата беше во најдобар ред.и на крајот ги испрати до вратата и ги поздрави.Веднаш истрча до кујната да потсреди и случајно повторно го виде старецот како седи...на излегување газдарицата подзастана, го погледна и замина, но не му рече ништо... а тој изненадено ја гледаше како заминува, и повторно ја наведна главатаТаа му ја забележа збрчканата рака како минува под очите, и забележа дека ги брише солзите.Да, се’ беше и јасно тука...штотуку ја виде онаа која ја изгубил и бил осуден цел живот да не ја преболи.

И сега таа поврза, ги склопи коцките.. не беше случајно, како животна лекција да изгледа низ претстојните настани...се совпаднаа нечии сини очи, се совпадна нечија загуба.Но таа тивко си повтори во себе –Морав понатака, правилно постапив,се ќе беше поинаку да можев да ја паметам неговата насмевка но тој... не ја остави ни неа.!

Monday, October 4, 2010

Ветрот кој дуваше од север....

...На прозорот од нашата куќа честопати ќе се забележевме гулаб кој шеташе и знаеше од време на време да потчукне со клунчето на стаклото.Дедо ми велеше дека тоа е среќа и бериќет за куќата, но ние ќе се насмеевме и ќе искоментиравме, во смисла дека не веруваме и дека суеверноста е препуштена на постарите... но сега кога ќе се сетам можеби и имаше право.Секој ден како ден, различно ни минуваше, секој носеше своја позитивна страна моменти на радост, моменти на тага, некој караница, шеги и насмевки и многу љубов, како и секое просечно семејство. Но кој би помислил дека суровоста на животот ќе не пресретне и нас, кој може да предвиди дкеа баш денес ќе се случи нешто што не го  посакуваме.
   Тој ден беше многу студен,некаде беше доцнежна есен, капки од крупен дожд паѓаа заредено на стреите... а на прозорецот го немаше гулабот нашиот пријател преку стаклото кој скоро секој ден слетуваше да не посети.-Чудна работа, го нема денеска... промрморе брат ми сакајќи да ме натера да се распрашувам за него , како и секое 12 годишно дете, на кое се му е нејасно. Па почнав од мајка ми , татко ми и сите останати членови... стигнав до дедо ми кој повторно ми даде некој си нејасен одговор- Не е убаво...а и ветерот коси... не е на убаво... и истрчав јас уплашена и зачудеа и не изговорив ни збор ...А ветерот косеше се пред себе, и дуваше се повеќе, дуваше на север и иако бев дома веќе ја чувствував и внатре неговата студеност.... Подоцна таа вечер ме однесоа, кај тетка ми и ме натреаа да преспијам два дена... не знаев што се случува, и плачев од бесознание од ништо друго, а веста пак... ја дознав веќе наредниот ден.
    Веќе немав кога да го запрашам за своите милиони прашања, најумната глава во семејството од кого учев додека можев веќе не седеше на својата столица во дневната соба...Молкот го исполнуваше домот наредните неколку дена, а колку и да сакаа домашните , не можеа да го скријат плачот кој се слушаше од време на време од собите.. дуваше студен ветер и навестуваше нешто лошо, но никој од нас не можеше да знае.Сега неговата суеверност е дел од нас, не е попусто се што знаат и велат старите, некои работи можеби не можеме да ги објасниме но сепак се случуваат или пак е пишано да се счучат , никогаш нема да знаеме...
    Но се продолжува, мора да продолжи... за жал гулабот од тој ден веќе не слета на прозорецот иако јас упорно и ден денес некогаш кога ќе ми текне ставам храна...но го нема... и него и мојот дедо, кој своите дела ни ги остави нас да ги почитуваме и пренесуваме понатака..Велеше...паметам -Што е од Бога добро е... и таа реченица ми стана барем мене главното мото. И паметам... ветрот тој ден дуваше на север.... затоа и денес кога ќе закрцкаат прозорците и ќе се затреперат лисјата , се навраќам назад и и си велам-САМО да не е од север!
 

Friday, October 1, 2010

Тие како ти ...

Па добро... знаевме веќе сите дека тој немаше и со што да се оправда ,сите изговори банални му беа и веќе прочитани. Искрено , не очекував ништо повеќе од она ироничното Прави си што сакаш не мора да ми веруваш... или пак фразите во смисла – Знаеш не ме интересира, ти така си сакаше... или пак – Уживај знам јас и да вратам -.- ... Апсурдни глупави и идиотски изговори , само колку да покаже дека е МАЧО и сите да искоментираат дека заминал СО СТИЛ ! Хах, DÉJÀ VU , тоа е ништо повеќе... финтите кои ги користеше за да покрие дека стварно нешто чувствува.

За убав , убав си е многу ама... внатре таму, позади длабоките очи, позади стомачните, бицепсите, трицепсите, и насмевката на која се онесвестував напишана беше само една дефиниција-Правам како што мене ми правеле... Не, не, ѓабе ќе е ако барате таму некаде трошка добродушности или пак некоја си надеж дека има нешто кое вреди да се спомене... Празна е неговата душа, а така и ќе остане. Се додека ги навредува оние кои го сакаат, додека ги плука оние кои очајно сакаат да го бакнат ( срцките кои не ни знаат дека е тооооолку суров и безмилосен ), нема да си дозволи сам на себеси да ја доживее убавината на љубовта... значи ДА , љубовта а не сексот за една вечер нели? Епа на тоа мислев, тоа е минливо, а она што трае верувајте таквите како него не случајно и мноооооогу често ГО ПРОМАШУВААТ!

Јас... аха јас! Среќна си сум, Thank you God! Искрено не ни знам дали сум го сакала него или пак, ми било премногу интересно , па сум сакала да бидам со некој како него, сега е сеедно. Вака или така, заминало, ја успеав и продолжив , каква –таква, си најдов вистинска љубов, сум пробала и знам , сум видела и сум сватила, сум искусила, и сега ми останало сето тоа како слатко споменче... J Заминав и низ таа фаза во која лудуваме по ФРАЕРИ и се правиме ШМИЗЛИ да не приметат. Што се мора се мора да се помине... И пак, јас сум си среќна а за него не знам , кој знае кај е којзнае со која е , и којзнае таа каква е :P ма да сeгеа нема веќе врска... Само знаеш... љубовта на сите им е потребна, но ретко кој знае да ја препознае , најде и задржи ;)

Кој уште ти верува Ромео?

Искрено кажано вака од женски гледен аспект, и Ромео денеска не е тоа што сите сметавме... Кај си прасе мое ?” =S денеска го заменува цело рецитирање што некогаш ОНОЈ Ромео си се малтретирал да го иведе -.-. Не е мое или било чие да коментирам,ама сепак банални се сите романи што ги читаме, а  исто така и оние книгите што не лажат со Изрази од типотМашкиот мозок функционира како ... ( и наведени се триста различни поими и споредби од кои можеме слободно само да си го збогатиме речникот на изразување )”.Еден збор – БЕСПОЛЕЗНО!
Многу е јасно дека ние сме понежен пол и дека бараме внимание и ред други работи, но н се точни и тврдењата дека сакаме тооооолку да не разгалат и да сме нивни центар на внимание.Се сложуваме дека се зависи до карактерот НО... АКО СЕ Има воопшто НЕКАКОВ КАРАктЕР, е тогаш можеби и повеќемина ќе ја сватат приказнава ( или статијава како сакате наречете ја ).
Прочитав некаде пред неколку дена шокантна приказна: Јулија си го чекала Ромео да дојде од работа се средила го облекла најубавиот фустан ( мислам на долна облека дека денеска такво си е времето ) и застанала на балконот (т.е си легнала на креветот ) и го чекала во својата најубава поза ... И иде Ромео задишан од мечување со останатите Ромеовци ( 100% иде од кладилница ) и ни едно ни две и се обраќа на Јулија: Што има за вечера Бетмен? -.-ќ ПАтЕТИКИ! И тоа зашто ... заради превезот што го имала ставено на очите па на кутриот Ромео тоа прво му паднало в очи... а трудот а облеката а позата а заволивоста? Епа нема ... Трудот залуден ама важно излегол од сето тоа добар виц.После ова нема што да се коментира освен дека времињата се сменети и дека не постојат веќе такви романси или пак примери за кавалери што би се рекло.
Затоа не читајте романи и такви некои си рманси во кои јунакот на белиот коњ истовремено е и херој , но и најмекото срце пред својата сакана, затоа што така само можеме да паднеме во заблуда. Денеска кој уште верува дека постои таква сорта? Никој ... Кој уште верува дека ќе  бидеме сакани безусловно? Никој... Кој уште верува на празни зборови , без ниедно направено дело?.... Па на крајот од краиштата КОЈ УШте му верува на Ромео?... Ползата од таквите прочитани бајки и размислувањата за реализирање на истите само ни го збогатуваат речникот а потрагата по ТАКВИОТ приближен принц ни го троши драгоценото време!