Monday, March 19, 2012

Среќата им смета на другите....на оние мизерните!

  Сите цртани, серии, шпански турски(безразлика) и филмови до безброј, се разбира мислам на оние кои за главна цел ја имаат маѓијата на љубовта... во секој од нив секогаш, ненамерно има негативни личности, негативни заплети ... зашто им смета нечија среќа на другите?

Никогаш во животот нема да речам дека не сум била љубоморна, човечки па и природно е тоа, но човековата лудост не знае за граници. Не станувајќи збор за љубов , целам на одговор зашто токму твојата среќа може да биде некому трн во очи. Тие-среќни, вљубени, страст меѓу нив погледи допири....а останатите од страна застанати и гледаат, вртат очи, и ќе се решат да докажат дека и нив не им е се’ совршено, а зошто? Биле разочарани, биле повредени сами се и чмаат во место, чекајќи сите да им пружат рака за спас и да ги частат со утешна пијачка дека сепак животот продолжува.И бидејќи чмаат, сакаат сега сами на себе да докажат дека  и другите не се среќни, да се утешат, па зашто да се? И се полнат со омраза, прво кон оние среќните па после и кон себе затоа што не можат да мрднат од мртвата точка на нивниот затворен мал темен простор кои самите си го декорирале. Па и некои се обидуваат, им пречат, создаваат заплети, да не издолжувам... секоја сапунска серија има примеси од реалниот живот секако!

Другата ситуација пак... безразлика дали е млад згоден дечко, или пак насмеана и секси девојка која гордо го носи епитето SINGLE. Прво измаеруваат од глава до пети, ја чувствуваат нивната харизма дури и на др.крај од кафулето или било кое др место, насмевката им ја толкуваат како знак на безгрижност, и ете тука почнува нешто да им лази по нервите...што се замислува, која е, што се мисли шмекер е или пак... тежок филм ? А тие застанале облекле некоја маичка што прва им паднала в раце, станале од кревет се искарале со цел свет, да се насмеат нема шанса, пијат кафе и се јадат живи што некој др паѓа в очи... и тоа се оние истите на кои им смета што вљубен пар е среќен, па сега и оние кои уживаат во слободата им се виновни и ги етикетираат како снобови, малограќанци, неспособни за врска, или пак глумци на совршенството... Еден збор – Љубомора!

Па никој не ги осудува нив нели? Нека се нереќни , кој им е виновен, никој намерно заради нив не е среќен, среќен е затоа што така е НАЈПАМЕТНО! Никој нема да земе да ги крене од столицата и да им укаже дека среќата се достигнува.Но што се може тука... освен да не се дозволи да допрат до нас.Да... до нас... и до мене исто така! Среќата е само наша , а нивна е мизерноста.Со среќа!

No comments:

Post a Comment