...На прозорот од нашата куќа честопати ќе се забележевме гулаб кој шеташе и знаеше од време на време да потчукне со клунчето на стаклото.Дедо ми велеше дека тоа е среќа и бериќет за куќата, но ние ќе се насмеевме и ќе искоментиравме, во смисла дека не веруваме и дека суеверноста е препуштена на постарите... но сега кога ќе се сетам можеби и имаше право.Секој ден како ден, различно ни минуваше, секој носеше своја позитивна страна моменти на радост, моменти на тага, некој караница, шеги и насмевки и многу љубов, како и секое просечно семејство. Но кој би помислил дека суровоста на животот ќе не пресретне и нас, кој може да предвиди дкеа баш денес ќе се случи нешто што не го посакуваме.
Тој ден беше многу студен,некаде беше доцнежна есен, капки од крупен дожд паѓаа заредено на стреите... а на прозорецот го немаше гулабот нашиот пријател преку стаклото кој скоро секој ден слетуваше да не посети.-Чудна работа, го нема денеска... промрморе брат ми сакајќи да ме натера да се распрашувам за него , како и секое 12 годишно дете, на кое се му е нејасно. Па почнав од мајка ми , татко ми и сите останати членови... стигнав до дедо ми кој повторно ми даде некој си нејасен одговор- Не е убаво...а и ветерот коси... не е на убаво... и истрчав јас уплашена и зачудеа и не изговорив ни збор ...А ветерот косеше се пред себе, и дуваше се повеќе, дуваше на север и иако бев дома веќе ја чувствував и внатре неговата студеност.... Подоцна таа вечер ме однесоа, кај тетка ми и ме натреаа да преспијам два дена... не знаев што се случува, и плачев од бесознание од ништо друго, а веста пак... ја дознав веќе наредниот ден.
Веќе немав кога да го запрашам за своите милиони прашања, најумната глава во семејството од кого учев додека можев веќе не седеше на својата столица во дневната соба...Молкот го исполнуваше домот наредните неколку дена, а колку и да сакаа домашните , не можеа да го скријат плачот кој се слушаше од време на време од собите.. дуваше студен ветер и навестуваше нешто лошо, но никој од нас не можеше да знае.Сега неговата суеверност е дел од нас, не е попусто се што знаат и велат старите, некои работи можеби не можеме да ги објасниме но сепак се случуваат или пак е пишано да се счучат , никогаш нема да знаеме...
Но се продолжува, мора да продолжи... за жал гулабот од тој ден веќе не слета на прозорецот иако јас упорно и ден денес некогаш кога ќе ми текне ставам храна...но го нема... и него и мојот дедо, кој своите дела ни ги остави нас да ги почитуваме и пренесуваме понатака..Велеше...паметам -Што е од Бога добро е... и таа реченица ми стана барем мене главното мото. И паметам... ветрот тој ден дуваше на север.... затоа и денес кога ќе закрцкаат прозорците и ќе се затреперат лисјата , се навраќам назад и и си велам-САМО да не е од север!
Monday, October 4, 2010
Friday, October 1, 2010
Тие како ти ...
Па добро... знаевме веќе сите дека тој немаше и со што да се оправда ,сите изговори банални му беа и веќе прочитани. Искрено , не очекував ништо повеќе од она ироничното –Прави си што сакаш не мора да ми веруваш... или пак фразите во смисла – Знаеш не ме интересира, ти така си сакаше... или пак – Уживај знам јас и да вратам -.- ... Апсурдни глупави и идиотски изговори , само колку да покаже дека е МАЧО и сите да искоментираат дека заминал СО СТИЛ ! Хах, DÉJÀ VU , тоа е ништо повеќе... финтите кои ги користеше за да покрие дека стварно нешто чувствува.
За убав , убав си е многу ама... внатре таму, позади длабоките очи, позади стомачните, бицепсите, трицепсите, и насмевката на која се онесвестував напишана беше само една дефиниција-Правам како што мене ми правеле... Не, не, ѓабе ќе е ако барате таму некаде трошка добродушности или пак некоја си надеж дека има нешто кое вреди да се спомене... Празна е неговата душа, а така и ќе остане. Се додека ги навредува оние кои го сакаат, додека ги плука оние кои очајно сакаат да го бакнат ( срцките кои не ни знаат дека е тооооолку суров и безмилосен ), нема да си дозволи сам на себеси да ја доживее убавината на љубовта... значи ДА , љубовта а не сексот за една вечер нели? Епа на тоа мислев, тоа е минливо, а она што трае верувајте таквите како него не случајно и мноооооогу често ГО ПРОМАШУВААТ!
Јас... аха јас! Среќна си сум, Thank you God! Искрено не ни знам дали сум го сакала него или пак, ми било премногу интересно , па сум сакала да бидам со некој како него, сега е сеедно. Вака или така, заминало, ја успеав и продолжив , каква –таква, си најдов вистинска љубов, сум пробала и знам , сум видела и сум сватила, сум искусила, и сега ми останало сето тоа како слатко споменче... J Заминав и низ таа фаза во која лудуваме по ФРАЕРИ и се правиме ШМИЗЛИ да не приметат. Што се мора се мора да се помине... И пак, јас сум си среќна а за него не знам , кој знае кај е којзнае со која е , и којзнае таа каква е :P ма да сeгеа нема веќе врска... Само знаеш... љубовта на сите им е потребна, но ретко кој знае да ја препознае , најде и задржи ;)
Кој уште ти верува Ромео?
Искрено кажано вака од женски гледен аспект, и Ромео денеска не е тоа што сите сметавме... “Кај си прасе мое ?” =S денеска го заменува цело рецитирање што некогаш ОНОЈ Ромео си се малтретирал да го иведе -.-. Не е мое или било чие да коментирам,ама сепак банални се сите романи што ги читаме, а исто така и оние книгите што не лажат со Изрази од типот “Машкиот мозок функционира како ... ( и наведени се триста различни поими и споредби од кои можеме слободно само да си го збогатиме речникот на изразување )”.Еден збор – БЕСПОЛЕЗНО!
Многу е јасно дека ние сме понежен пол и дека бараме внимание и ред други работи, но н се точни и тврдењата дека сакаме тооооолку да не разгалат и да сме нивни центар на внимание.Се сложуваме дека се зависи до карактерот НО... АКО СЕ Има воопшто НЕКАКОВ КАРАктЕР, е тогаш можеби и повеќемина ќе ја сватат приказнава ( или статијава како сакате наречете ја ).
Прочитав некаде пред неколку дена шокантна приказна: Јулија си го чекала Ромео да дојде од работа се средила го облекла најубавиот фустан ( мислам на долна облека дека денеска такво си е времето ) и застанала на балконот (т.е си легнала на креветот ) и го чекала во својата најубава поза ... И иде Ромео задишан од мечување со останатите Ромеовци ( 100% иде од кладилница ) и ни едно ни две и се обраќа на Јулија: Што има за вечера Бетмен? -.-ќ ПАтЕТИКИ! И тоа зашто ... заради превезот што го имала ставено на очите па на кутриот Ромео тоа прво му паднало в очи... а трудот а облеката а позата а заволивоста? Епа нема ... Трудот залуден ама важно излегол од сето тоа добар виц.После ова нема што да се коментира освен дека времињата се сменети и дека не постојат веќе такви романси или пак примери за кавалери што би се рекло.
Затоа не читајте романи и такви некои си рманси во кои јунакот на белиот коњ истовремено е и херој , но и најмекото срце пред својата сакана, затоа што така само можеме да паднеме во заблуда. Денеска кој уште верува дека постои таква сорта? Никој ... Кој уште верува дека ќе бидеме сакани безусловно? Никој... Кој уште верува на празни зборови , без ниедно направено дело?.... Па на крајот од краиштата КОЈ УШте му верува на Ромео?... Ползата од таквите прочитани бајки и размислувањата за реализирање на истите само ни го збогатуваат речникот а потрагата по ТАКВИОТ приближен принц ни го троши драгоценото време!
Subscribe to:
Comments (Atom)