Friday, October 1, 2010

Тие како ти ...

Па добро... знаевме веќе сите дека тој немаше и со што да се оправда ,сите изговори банални му беа и веќе прочитани. Искрено , не очекував ништо повеќе од она ироничното Прави си што сакаш не мора да ми веруваш... или пак фразите во смисла – Знаеш не ме интересира, ти така си сакаше... или пак – Уживај знам јас и да вратам -.- ... Апсурдни глупави и идиотски изговори , само колку да покаже дека е МАЧО и сите да искоментираат дека заминал СО СТИЛ ! Хах, DÉJÀ VU , тоа е ништо повеќе... финтите кои ги користеше за да покрие дека стварно нешто чувствува.

За убав , убав си е многу ама... внатре таму, позади длабоките очи, позади стомачните, бицепсите, трицепсите, и насмевката на која се онесвестував напишана беше само една дефиниција-Правам како што мене ми правеле... Не, не, ѓабе ќе е ако барате таму некаде трошка добродушности или пак некоја си надеж дека има нешто кое вреди да се спомене... Празна е неговата душа, а така и ќе остане. Се додека ги навредува оние кои го сакаат, додека ги плука оние кои очајно сакаат да го бакнат ( срцките кои не ни знаат дека е тооооолку суров и безмилосен ), нема да си дозволи сам на себеси да ја доживее убавината на љубовта... значи ДА , љубовта а не сексот за една вечер нели? Епа на тоа мислев, тоа е минливо, а она што трае верувајте таквите како него не случајно и мноооооогу често ГО ПРОМАШУВААТ!

Јас... аха јас! Среќна си сум, Thank you God! Искрено не ни знам дали сум го сакала него или пак, ми било премногу интересно , па сум сакала да бидам со некој како него, сега е сеедно. Вака или така, заминало, ја успеав и продолжив , каква –таква, си најдов вистинска љубов, сум пробала и знам , сум видела и сум сватила, сум искусила, и сега ми останало сето тоа како слатко споменче... J Заминав и низ таа фаза во која лудуваме по ФРАЕРИ и се правиме ШМИЗЛИ да не приметат. Што се мора се мора да се помине... И пак, јас сум си среќна а за него не знам , кој знае кај е којзнае со која е , и којзнае таа каква е :P ма да сeгеа нема веќе врска... Само знаеш... љубовта на сите им е потребна, но ретко кој знае да ја препознае , најде и задржи ;)

No comments:

Post a Comment