...На прозорот од нашата куќа честопати ќе се забележевме гулаб кој шеташе и знаеше од време на време да потчукне со клунчето на стаклото.Дедо ми велеше дека тоа е среќа и бериќет за куќата, но ние ќе се насмеевме и ќе искоментиравме, во смисла дека не веруваме и дека суеверноста е препуштена на постарите... но сега кога ќе се сетам можеби и имаше право.Секој ден како ден, различно ни минуваше, секој носеше своја позитивна страна моменти на радост, моменти на тага, некој караница, шеги и насмевки и многу љубов, како и секое просечно семејство. Но кој би помислил дека суровоста на животот ќе не пресретне и нас, кој може да предвиди дкеа баш денес ќе се случи нешто што не го посакуваме.
Тој ден беше многу студен,некаде беше доцнежна есен, капки од крупен дожд паѓаа заредено на стреите... а на прозорецот го немаше гулабот нашиот пријател преку стаклото кој скоро секој ден слетуваше да не посети.-Чудна работа, го нема денеска... промрморе брат ми сакајќи да ме натера да се распрашувам за него , како и секое 12 годишно дете, на кое се му е нејасно. Па почнав од мајка ми , татко ми и сите останати членови... стигнав до дедо ми кој повторно ми даде некој си нејасен одговор- Не е убаво...а и ветерот коси... не е на убаво... и истрчав јас уплашена и зачудеа и не изговорив ни збор ...А ветерот косеше се пред себе, и дуваше се повеќе, дуваше на север и иако бев дома веќе ја чувствував и внатре неговата студеност.... Подоцна таа вечер ме однесоа, кај тетка ми и ме натреаа да преспијам два дена... не знаев што се случува, и плачев од бесознание од ништо друго, а веста пак... ја дознав веќе наредниот ден.
Веќе немав кога да го запрашам за своите милиони прашања, најумната глава во семејството од кого учев додека можев веќе не седеше на својата столица во дневната соба...Молкот го исполнуваше домот наредните неколку дена, а колку и да сакаа домашните , не можеа да го скријат плачот кој се слушаше од време на време од собите.. дуваше студен ветер и навестуваше нешто лошо, но никој од нас не можеше да знае.Сега неговата суеверност е дел од нас, не е попусто се што знаат и велат старите, некои работи можеби не можеме да ги објасниме но сепак се случуваат или пак е пишано да се счучат , никогаш нема да знаеме...
Но се продолжува, мора да продолжи... за жал гулабот од тој ден веќе не слета на прозорецот иако јас упорно и ден денес некогаш кога ќе ми текне ставам храна...но го нема... и него и мојот дедо, кој своите дела ни ги остави нас да ги почитуваме и пренесуваме понатака..Велеше...паметам -Што е од Бога добро е... и таа реченица ми стана барем мене главното мото. И паметам... ветрот тој ден дуваше на север.... затоа и денес кога ќе закрцкаат прозорците и ќе се затреперат лисјата , се навраќам назад и и си велам-САМО да не е од север!
No comments:
Post a Comment